Skip to content

Признание и награда на Центарот за развој на Вардарски плански регион

ДАТУМ

септември 15, 2021

Категории

🎖 На 13.09.2021 од страна на Министерот за локална самоуправа Г-н Горан Милевски беше доделено признание и награда на Центарот за развој на Вардарски плански регион, која во име на вработените ја прими Раководителот Д-р Игор Андреев.

 

🎫  Наградата е доделена како резултат на Интензивната соработка на Центарот со Советот за развој на планскиот регион во 2020 година.

  • Година, во која и покрај пандемијата :
✅ се имплементираа повеќе од 20 проекти во сите општини од регионот
✅ се донесе новата петгодишна програма за развој на регионот
✅ се донесе првата Регионална програма за инклузивен туризам
✅ се разработи Бизнис Центарот кој постои во рамките на ЦРВПР
✅ стартуваше со работа Регионалниот Центар за социјално претприемништо
✅ се креираше нова веб – страна на ЦРВПР.
Сето ова беше остварено преку одлична соработка со сите Градоначалници во општините од регионот за што изразуваме огромна благодарност.
Благодарност и до Владата, клучните Министерства и најзначајните странски организации, кои се најголемите донатори во заедничките напори за рамномерен регионален развој.
Посебна благодарност до 🇲🇰 Министерството за локална самоуправа, 🇨🇭 Швајцарската агенција за развој и соработка и тимот на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“.
 

 

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy