Skip to content

Одлука по Јавен оглас за избор на 4(четири) лица на неопределено време во стручната служба на Центарот за развој на Вардарски плански регион

ДАТУМ

декември 13, 2021

Категории

    

Врз основа на член 23, став 4 од Законот за работни односи („Сл. Весник на РСМ бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12,13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18, 110/19, 267/20 и 151/21), согласно Правилник за внатрешна организација на стручната служба на Центарот за развој на Вардарски плански регион дел.бр.01-220/1 од 26.11.2021 година, Правилник за систематизација на работните места во Центарот за развој на Вардарски плански регион дел. бр.01-221/1 од 26.11.2021 година и Согласност за вработување од Советот за развој на Вардарски плански регион дел. бр. 04-230/1 од 30.11.2021 година, В.Д. Директорот на Центарот за развој на Вардарски плански регион на ден 13.12.2021 година, ја донесе следната:     

 

ОДЛУКА

по Јавен оглас за избор на 4(четири) лица на неопределено време во стручната служба на Центарот за развој на Вардарски плански регион, Оглас бр. 04-231/2 од 03.12.2021 год., објавен на ден 03.12.2021 година

 

Член 1

Од пријавените кандидати по Јавен оглас за избор на 4(четири) лица на неопределено време во стручната служба на Центарот за развој на Вардарски плански регион, Оглас бр. 04-231/2 од 03.12.2021 год., објавен на ден 03.12.2021 година, се ИЗБИРААТ ЛИЦАТА за следниве работни позиции:

  • Душица Габерова за избор на работна позиција Советник во одделение за општи и административни работи, финансии и јавни набавки – 1(еден) извршител на неопределено време;
  • Зорица Јованова за избор на работна позиција Хигиеничар во одделение за општи и административни работи, финансии и јавни набавки – 1(еден) извршител на неопределено време;
  • Снежана Димитриевски за избор на работна позиција Советник за имплементација на проекти, регионален развој и меѓу општинска соработка -1(еден) извршител на неопределено време;
  • Јован Симсаров за избор на работна позиција Виш соработник во одделение за меѓународна соработка – 1(еден) извршител на неопределено време.

 

Член 2

Изборот помеѓу пријавените кандидати е извршен во согласност со објавениот оглас бр.04-231/2 од 03.12.2021 год., приложената документација со пријавите на кандидатите од која е утврдено дека во целост ги исполнуваат бараните услови и резултатите од спроведената постапка за вработување.

Член 3

Временскиот период за извршување на предвидените активности е на неопределено време.

Член 4

Се задолжува комисијата за спроведување на интервјуто со пријавените кандидати да ги извести за изборот по Јавниот оглас.

Член 5

Донесената Одлука ќе биде објавена на веб страната на Центарот за развој на Вардарски плански регион.

Член 6

За спроведување на оваа Одлука е задолжен В.Д. Директорот на Центарот за развој на Вардарски плански регион.

 

Член 7

Оваа Одлука влегува во сила наредниот ден од денот на нејзиното донесување.

  

Образложение:

На ден 01.12.2021 година, Центарот за развој на Вардарски плански регион донесе одлука за објава на Јавен Оглас за избор на 4(четири) лица на неопределено време во стручната служба на Центарот за развој на Вардарски плански регион – 4 извршители на неопределено време  во два дневни весника од кои еден од весниците што се издаваат на македонски јазик (Слободен печат) и еден весник што се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик (Коха).

По огласот беа поднесени документи од четворица кандидат.

Со Решение бр.04-231/7 од 10.12.2021 година формирана е Комисија за спроведување на постапката за вработување, проверка на благовременост и комплетноста на поднесените документи од пријавените кандидати и спроведување на интервју со кандидатите, која за својата работа изготви Записник од одржаниот состанок бр.04-231/8 од 10.12.2021 година, во кој се содржи и листа на кандидати за вработување кои ги исполнуваат условите по објавениот оглас, во која влегоа  кандидатите:

  • Душица Габерова за избор на работна позиција Советник во одделение за општи и административни работи, финансии и јавни набавки;
  • Зорица Јованова за избор на работна позиција Хигиеничар во одделение за општи и административни работи, финансии и јавни набавки ;
  • Снежана Димитриевски за избор на работна позиција Советник за имплементација на проекти, регионален развој и меѓу општинска соработка;
  • Јован Симсаров за избор на работна позиција Виш соработник во одделение за меѓународна соработка,

 а исто така изготви и Записник од спроведено интервју со кандидатот дел. бр.04-231/13 од 13.12.2021 година и достави Извештај до В.д. Директорот на Центарот за развој на Вардарски плански регион дел.бр.04-231/14 од 13.12.2021 година.

Поради сето погоре наведено се одлучи како во диспозитивот.

 

Правна поука:

Против оваа Одлука може да се поднесе жалба во согласност со законските прописи на Република Северна Македонија.

 

                                                              Центар за развој на Вардарски плански регион

                                                                                           В.Д. Директор

                                                                                      Татјана Темелковска

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy