На 16 април 2026 година, во просториите на Vardar Innovation Hub, се одржа првата интерна работилница “Основна употреба на ИТ алатки и вештачка интелигенција (AI) во пракса” – организирана одЦентар за развој на Вардарски плански регион, со поддршка од проектот ЕУзаТебе (EU4M – project funded by EU).
На настанот учествуваа 24 претставници од општините во Вардарскиот регион, кои ги унапредија своите знаења во областа на користење на ИТ алатки и вештачка интелигенција, при што стекнатите компетенции беа валидирани преку писмена проверка на знаење.
Обуката беше реализирана од сертифицирани обучувачи обезбедени одEU4M – project funded by EU, што претставува значаен придонес кон јакнење на институционалните капацитети на општините и регионалните центри за развој.
Овој настан ја потврдува потребата од ваков тип обуки и покажува дека општините и центрите за регионален развој имаат капацитет да организираат обуки и да обезбедуваат експертиза. Јакнењето на капацитетите преку сертифицирани обучувачи создава основа за одржлив систем на знаење.
No comment yet, add your voice below!