Директорот на ЦРВПР, г-н Зоран Јаневски заедно со домаќинте од M6 Educational Centre, Градоначалникот на Општина Кавадарци г-н Митко Јанчев и делегација ИНОВА / INOVA предводена од директорката Даниела Димовска имавме продуктивна работна средба со делегација од Министерството за регионална соработка на Државата Израел и Даром иновацискиот центар, со фокус на поврзување на израелското искуство со македонскиот иновациски и претприемачки потенцијал.
Делегацијата од Државата Израел беше предводена од генералниот директор на министерството, г-дин Гилат Шадмон, Соња Ишенко, шеф на кабинет во Министерството за регионална соработка на Државата Израел, како и Ран Сасон, извршен директор, и Ељашив Минерби, оперативен директор на Даром иновацискиот центар
На оваа работна средба се разгледуваа можностите за реализација на заеднички проекти и привлекување директни инвестиции од израелска страна. Оваа средба претставува сериозен чекор напред кон отворање нови економски перспективи, поттикнување на локалниот развој во Вардарскиот Плански Регион и зајакнување на меѓународната соработка на Република Македонија и Државата Израел
No comment yet, add your voice below!