Skip to content

Одржана првата работилница за подготовка на Програмата за развој на Вардарски плански регион 2020-2024 година

ДАТУМ

октомври 28, 2020

Категории

        Центарот за развој на Вардарски плански регион на ден 27.10.2020 година ја одржа првата работилница за подготовка на Програмата за развој на Вардарски плански регион 2020-2024, во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, финасиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој.
        На работилницата беа презентирани наодите и анализата на специфичните потреби во Вардарскиот плански регион, SWOT анализата, дефинирање на визијата и одредување на сртатегиските области.
     Претставниците од јавен, приватен и невладин сектор од општините од Вардарскиот регион имаа свое излагање за моменталната состојба, предизвиците и можностите за развој на релевантната општина во следните предложени области:
– Зајакнати потенцијали за регионален развој преку вложување во “тврда” инфраструктура
Економски развој на регионот преку максимално искористување на потенцијалите за развој на туризмот и земјоделието
– Заштита на животна средина преку зголемено искористување на обновливите извори на енергија и инвестиции во енергетска ефикасност
– Зајакнување на човечките потенцијали преку подобрување на квалитетот на образованите, здравствените и социјално-инклузивните услуги во регионот
– Задржување на младите во регионот преку поддршка на претприемништвото и регионалната стартап сцена, развојот на дигиталните вештини и иновациите во приватниот и јавниот сектор.

Галерија

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy