Skip to content

Одржана работилница за поттикнување на иновативноста во производството на прехранбени производи и за претставување на можностите за соработка во рамките на ПТЦ

ДАТУМ

февруари 24, 2021

Категории

,

Центарот за развој на Вардарски плански регион и Технолошко-техничкиот факулетет од Велес, преку Грантова шема за иновативни проекти, а во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ формираа ПРЕХРАНБЕНО-ТЕХНОЛОШКИ ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИНОВАТИВНИ ПРОДУКТИ. Овој технолошки Центар претставува долгорочен стратешки инструмент за поддршка на регионалниот економски развој и конкурентност преку продлабочување на соработката помеѓу бизнис секторот од прехранбената индустрија и академската институција во Вардарскиот плански регион. Проектот беше финансиски поддржан од страна на Министерство за локална самоуправа и Швајцарска агенција за развој и соработка.

Во текот на работилницата беа претставени целите и формите на соработка во рамките на формираниот Прехранбено-технолошкиот центар (ПТЦ), како да креираме и произведеме прехранбени намирници во согласност со современите прехранбени навики и новите трендови во процесирањето на храна и претставување на можностите на новата лабораториска опрема, како и на можностите за користење на други лабораториски услуги од ПТЦ.

На крај од работилницата беа елаборирани иницијални идеи за соработка и зајакнување на врската академија-бизнис сектор.

Галерија

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy