Skip to content

Национална платформа за женско претприемништво

ДАТУМ

декември 7, 2021

Категории

,

Центарот за развој на Вардарски плански регион на 07.12.2021 одржа информативен состанок со претставници на Националната платформата за женско претприемништво, односно со г-ѓа Валентина Дисоска, менаџер на проектот и претседател на „Национална платформа за женско претприемништво“, како и долгогодишен поддржувач и промотор на женското претприемништво и како претседател на Здружението на бизнис жени, како и Мими Шушлеска Петкова, координатор за градење на капацитети во НПЖП и претставник на Сојузот на стопански комори.

 
  • Националната платформа за женско претприемништво е проект кофинансиран од Европската Унија, а се спроведува од Здружение на бизнис жени во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија, Национална федерација на фармери и Фондација за менаџмент и индустриско истражување МИР.
  • Целта на овој информативен состанок беше подетално запознавање со мисијата на проектот, неговите компоненти и цели на долгорочен план, како и заедничко планирање на претстојни активности, преку основање на локални хабови за поттикнување на дијалогот со локалните/регионалните власти и обезбедување на услуги на жени претприемачи, со цел овозможување на економско зајакнување на жените и градење на нивните капацитети.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy