Skip to content

Tеренска посета на потенцијални социјални претпријатија од Вардарскиот плански регион

ДАТУМ

февруари 9, 2022

Категории

,

📅 На 09.02.2022 година, Регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија во Вардарскиот плански регион во рамки на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“, организираше теренска посета на потенцијални социјални претпријатија од Вардарскиот плански регион.

👉 Претставници од проектниот тим г-ѓа Барбара Садовска и г-ѓа Сузана Трајковска Кочанковска ја искористија можноста да присуствуваат и на свеченото отворање на првиот групен дом за поддржано живеее на лицата со попреченост деинституционализирани од Специјалниот Завод Демир Капија, како резултат на успешно реализиран проект на потенцијалното социјално претпријатие Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес. На настанот присуствуваа и Градоначалникот на општина Велес и Министерката за труд и социјална политика.

👥 Исто така, беа реализирани и продуктивни посети во работилницата на „Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености“ како и во канцеларијата на „Меѓуопштинско здружение на лица со телесен инвалидитет на општините Велес, Градско и Чашка – МОБИЛНОСТ“, каде што се генерираа идеи и решенија како овие здруженија во иднина да прераснат во социјални претпријатија и на кој начин да ги прошират своите услуги и да се промовираат пошироко на пазарот на трудот.
 
📌 Истовремено, проектниот тим оствари информативна средба со претставници од компаниите Динамо Хит и Унистар Трејд, кои што важат за едни од многуте компании кои се поддржувачи на социјалното претприемништво. На средбите се разменуваа идеи за развој на социјалното претприемништво регионот.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy