Центарот за развој на Вардарски плански регион на ден 12.04.2022 година (вторник) во просториите на општина Свети Николе ја организираше IV-та Седница на Советот за развој на Вардарскиот плански регион. На истата се реализира следните точки на дневен ред :
- Финализирирање на концепт решенијата преку презентација на истите од страна на експертот Весна Кузмановиќ како и анализа на корисност на трошоците, користејќи го методот „најдобра вредноста за потрошените средства“. Целта на оваа презентација беше членовите на Советот да се запознаат со предлог концептите и да дадат свое мислење и препораки за подобрување.
- Средба на ангажираниот меѓународен експерт во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ проф. др. Борис Цизељ со градоначалниците од ВПР за идентификување на клучните предизвици во доменот на политиката на регионалниот развој во Вардарскиот регион. Имено, се дискутираше и за студиска посета на членовите на Советот за развој на Вардарскиот плански регион во земја членка на ЕУ како и за очекувањата од истата.
No comment yet, add your voice below!