Skip to content

Втор Регионален саем на социјални претпријатија од Вардарскиот плански регион

ДАТУМ

октомври 12, 2022

Категории

,

На 06.10.2022 на Градскиот плоштад во Општина Неготино се одржа вториот Регионален саем на социјални претпријатија од Вардарскиот плански регион.

  • Саемот официјално го отворија градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов, директорот на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион Сашо Мошев и тим лидерката на проектот Барбара Садовска.
  • “На саемот имавме можност да се запознаеме со презентациите на социјалната мисија, претприемачките идеи и потенцијалите на дваесетина социјални претпријатија и невладините организации коишто се занимаваат со одредена економска активност” – истакна градоначалникот на општина Неготино г.Горан Стојанов.
  • Посетителите на Саемот се забавуваа со звуците на македонските народни песни и ора во изведба на Николче Делов – лице со попреченост, кој настапува со својот бенд од Кавадарци и фолклорната група составена од лица со попреченост од Дневен Центар „Порака“ во Неготино.
  • 21 социјално претпријатие и граѓански организации ги претставија своите производи, услуги и идеи во атмосфера на поддршка на Регионалниот саем на социјални претпријатија од Вардарскиот регион.
  • Во рамките на саемот се одржа и Работилница за општинската администрација од општините во Вардарскиот плански регион за користење на Законот за јавните набавки како можност за резервирани договори за поддршка на социјалните претпријатија.
  • Вториот Регионален саем беше организиран од страна на Регионалниот центар за поддршка на социјалните претпријатија во Вардарски плански регион во рамките на Проектот „Поддршка на социјално претприемништво“, финансиски поддржан од Европската Унија, а спроведен од Ептиса, во конзорциум со Барка и Екорис, во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

Поддржи, промени овозможи !!!

socialCRVPR

CRVPR

MTSPmk

#SupportToSocialEnterprises

#ПоддршкаНаСоцијалнитеПретпријатија

#Мbështetjepërndërmarrjetshoqërorе

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy