Skip to content

Потпишан договорот за изградба на “Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарскиот плански регион”

ДАТУМ

април 19, 2023

Категории

,

Потпишан договор за изградба на “Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарскиот плански регион”

 
🐾  На 19.04.2023 се потпиша Договорот за изградба на “Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарскиот плански регион”, помеѓу Центарот за развој на Вардарски плански регион и изведувачот на работите АС Машини Кавадарци.
 
📌Локацијата на објектот на “Регионалниот центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство” е на парцела во општина Кавадарци во населба Глишиќ на површина од 5470 м2, и истиот е наменет за сите девет општини од Вардарскиот плански регион.
 
💶 Финансиската конструкција на овој проект изнесува 14.892.319 денари. Дел од средствата во висина од 5.119.385 денари се обезбедени од Швајцарска амбасада, а дел од средствата во висина од 9.772.933 денари се обезбедени од Министерство за локална самоуправа.
 
🏗 ⏳🎯 Согласно динамиката за изведување на градежните работи, објектот треба да биде готов во наредните 6 месеци.
📄 Деветте општини во Вардарскиот плански регион усвоија модел за управување и организациона поставеност на прифатилиштето на регионално ниво, преку кој секоја општина обезбеди дополнителни средства за оперативни трошоци за работење на центарот.
 
Проектот покрај изградбата на објектот ги опфаќа и следните активности:
 
➡️Набавка на опрема во рамки на стационарот
➡️Набавака на возило во рамки на стационарот
➡️Изработка и развој на веб сајт со дефинираните модули „Пријави бездомни животни и локација“ и „Вдоми милениче!“
➡️Изработка на Систем за следење и регистрација на бездомни животни
➡️Активности за ветеринарен третман на бездомните животни
➡️Маркетинг активности за подигнување на свесноста за вдомување на третирани бездомни животни
 
⏳Предвидените активности во рамки на проектот треба да бидат реализирани до крајот на 2024 година.
 
💡„Регионален центар за грижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарски плански регион“ се однесува на хуман третман на животните со директно влијание врз здравјето и безбедноста на луѓето.
 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy