Во тек се градежните активности за реконструкција на младинскиот парк во Општина Велес, кои се спроведуваат во рамки на проектот „ Подобрување на инфраструктурата поврзана со туризмот и спортот, преку реконструкција на паркови и изградба на спортски центри во општините Велес, Свети Николе и Росоман “.
Имплементатор на проектот е Центар за развој на Вардарски плански регион.
Изведувач на градежните работи е Профил Инженеринг.
Проектот е финансиран од Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој.
No comment yet, add your voice below!