Испорака на 2 возила за собирање на смет во општина Кавадарци
Центар за развој на Вардарски плански регион, во соработка со Министерство за локална самоуправа преку Biro za regionalen razvoj – Byroja për zhvillim rajonal реализираше дел од проектот:
“Подобрување на животната средина преку набавка на специјализирани возила во општините од Вардарскиот плански регион” преку кој се набавени две нови специјализирани возила (ѓубретарки) за собирање комунален отпад, кои ќе бидат ставени во употреба од ЈП „Комуналец“ Кавадарци.
Вкупната вредност на набавката изнесува околу 3,8 милиони денари, од кои поголемиот дел е обезбеден преку програмата за регионален развој, а остатокот е кофинансирање од Општина Кавадарци / Municipality of Kavadarci.
Со ова се унапредува возниот парк и се зголемуваат капацитетите на ЈП „Комуналец“ со цел да се овозможи поквалитетна, поефикасна и навремена услуга во собирањето и управувањето со отпадот за граѓаните на Општина Кавадарци / Municipality of Kavadarci, а со тоа да се подобри и управувањето со отпадот во Вардарскиот регион.
No comment yet, add your voice below!