Skip to content

SIEMdig Мултипликативен настан

ДАТУМ

ноември 13, 2025

SIEMdig Мултипликативен настан

На 10 ноември 2025 година, во Иновативен Хаб – Велес, се одржа презентација и промоција на резултатите од европскиот проект SIEMdig – “Социјална инклузија и емоционална зрелост на најмладите учесници во општеството, потпомогнати од дигитално компетентни наставници“. Настанот беше организиран од Центарот за развој на Вардарски плански регион во соработка со АМЕТА.

Собирот ги обедини наставниците, стручните работници и претставниците на образовни институции со цел да се запознаат со новите алатки и ресурси креирани во рамките на проектот, насочени кон поддршка на децата од 6 до 9 години во развојот на емоционалните компетенции, прифаќањето на различностите и инклузивните практики.

Во фокусот на презентацијата беше SIEMdig Платформата, која содржи интерактивни дигитални приказни и педагошки материјали што наставниците можат директно да ги применат во наставата. Присутните имаа можност да ги видат ресурсите, начинот на нивна употреба и позитивните резултати добиени од пилот-активностите.

Настанот овозможи отворена дискусија, размена на искуства и идеи, како и воспоставување нови можности за соработка меѓу училиштата во регионот. Учесниците ја истакнаа важноста на дигиталната писменост, емоционалната поддршка и создавањето училници во кои доминираат емпатијата, почитта и прифаќањето.

Настанот заврши со заедничка порака:

Инклузијата и емоционалната зрелост се темелите на современото образование – а дигиталните алатки можат значително да го поддржат овој процес.

🔗 Повеќе за проектот: https://siemdig.uken.krakow.pl/ 

🔗 Истражете ги интерактивните приказни: https://siemdig.espaiboule.eu/en

#SIEMdigProject #ErasmusPlus #Инклузија #ЕмоционалнаЗрелост #ДигиталнаЕдукација #Велес #Заедно

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy