Во текот на изминатиот месец се финализираше и проектот “Реконструкција и партерно уредување на КП 2055 и КП 2411 во населено место Лозово, општина Лозово” кој што е во рамки на програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година.
Во рамките на овој проект се направи реконструкција, партерно уредување и осветлување на просторот на две парцели (КП 2055 и КП 2411).
Имплементатор на проектот е Центар за развој на Вардарски плански регион.
КП 2411 2.000.000,00 денари од Министерство за локална самоуправа и кофинансирање од општина Лозово во износ од 1.188.272,78 денари
КП 2055 2.000.000,00 денари од Министерство за локална самоуправа и кофинансирање од општина Лозово во износ од 983.710,00 денари
No comment yet, add your voice below!