Во просториите на Општина Кавадарци на 01.12.2025 се одржа Конститутивната седница на Советот за развој на Вардарскиот плански регион.
На седницата беа верификувани мандатите на новите членови на советот, претставуван од градоначалниците на 9-те општини од Вардарски плански регион и беше утврден дневен ред составен од седум точки, меѓу кои и Одлуката за избор на претседател на Советот.
По разгледување на точката, членовите на Советот едногласно го избраа градоначалникот на Општина Градско, г. Киро Нацков, за претседател на Советот за развој на Вардарскиот плански регион.
Овој избор претставува значаен чекор кон обезбедување стабилно, одговорно и визионерско раководење со процесите за регионален развој. Советот изрази очекување дека новиот претседател ќе продолжи да ја унапредува соработката меѓу општините и институциите, како и да придонесе кон понатамошен интегриран и рамномерен развој на Вардарскиот плански регион.
No comment yet, add your voice below!