Skip to content

I-ва седница на Советот за развој на Вардарски плански регион

ДАТУМ

декември 26, 2025

Одржана I-ва седница на Советот за развој на Вардарски плански регион и избран в.д. директор

На 24 декември 2025 година, во просториите на Општина Градско, се одржа I-та седница на Советот за развој на Вардарски плански регион.

На седницата беа разгледани и усвоени повеќе точки од значење за функционирањето и идниот развој на регионот, меѓу кои:

  • Акционен план за спроведување на Програмата за развој на Вардарски плански регион за 2026 година;

  • Финансиски план на Центарот за развој на Вардарски плански регион за 2026 година;

  • Одлука за констатирање престанок на мандат на директор на Центарот;

  • Одлука за избор на вршител на должност директор.

Со одлука на Советот на градоначалници на Вардарскиот плански регион, за вршител на должност директор на Центарот за развој на Вардарски плански регион е избран г-дин Зоран Јаневски.

Јаневски е дипломиран инженер по безбедност и здравје при работа на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Центарот за развој на Вардарски плански регион очекува со заедничка работа, одговорност и јасна визија да продолжи со унапредување на регионалниот развој и реализација на проекти од значење за сите општини во Вардарскиот регион.

#ВардарскиРегион #СоветЗаРазвој #ЦентарЗаРазвој #РегионаленРазвој

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy