EU4M тренинг во Штип – 20-23 јануари 2026
Учеството на ЦРВПР
Центарот за развој на Вардарски плански регион (ЦРВПР) учествуваше на големиот EU4M тренинг настан во Штип. Нашиот тим присуствуваше на обуките за „EU Project Management“ и „EU PRAG & Procurement Contract Management“, како и на дополнителните сесии за управување со финансии на проекти, јавен буџет и користење на дигитални алатки, со цел да стекнеме нови знаења и искуство.
Продолжување на соработката
Соработката со Источниот плански регион не е новост за нас, и оваа прилика ја искористивме за да ја зајакнеме експертизата на нашиот тим и регионалните капацитети.
Средба со EU4M
На последниот ден, 23 јануари, тимот на ЦРВПР заедно со в.д. директорот Зоран Јаневски имаше средба со тимот на EU4M. На средбата се дискутираше за понатамошно градење на капацитетите и обезбедување на хелпдеск услуги за општините. Остатокот од активностите, како обновувањето на сертификатите за тренерите и паралелните обуки, беа организирани од страна на EU4M.
Придобивки и идни планови
Нашиот тим ја цени можноста за учење и е мотивиран да ја пренесе стекнатата експертиза во идните активности на ЦРВПР.
#EUforMunicipalities #EU4M #EastRegion #VardarRegion #Shtip #publicprocurement #projectmanagement #PFM #PublicFinancialManagement #digitialtools #artificalintelligence
No comment yet, add your voice below!