✅ Во просториите на Владата – свечена сала, се одржа втората седница на Комисијата за поттикнување и следење на меѓуопштинска соработка, со која заседаваше државниот секретар Јулијана Павковска Боцевска.
➡️ Преку конструктивна дискусија беа разгледани предлози од членовите на Комисијата – претставници на релевантни министерства и други вклучени институции, како и Националниот координатор за локална самоуправа, Лилјана Затуровска.
📄 На седницата беше усвоен Предлог-Годишниот извештај за склучени договори за меѓуопштинска соработка доставени во Министерството за локална самоуправа за 2025 година, подготвен од Секторот за локална самоуправа и елабориран од раководителот Сузана Најкова. Воедно беа презентирани и активностите што Министерството ги спроведува во насока на зајакнување на меѓуопштинската соработка.
🤝 На седницата учествуваа и претставници од планските региони, меѓу кои и Центарот за развој на Вардарски плански регион.
📌 Воедно беше најавено и отпочнување на процес за унапредување на законското решение што ја уредува меѓуопштинската соработка, со цел зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи, постигнување одржлив локален развој и унапредување на децентрализацијата.
#ВардарскиПланскиРегион #МеѓуопштинскаСоработка #ЛокалнаСамоуправа #РегионаленРазвој
No comment yet, add your voice below!