Skip to content

II-ра седница на Советот за развој на Вардарски плански регион

ДАТУМ

февруари 27, 2026

 

Во просториите на Општина Велес на 26.02.2026 се одржа Втората седница на Советот за развој на Вардарски плански регион, на која учествуваа градоначалниците од регионот.

 

 

  • Се дискутираше за приоритетните области на регионалниот развој, како и конкретните активности потребни за навремена и квалитетна подготовка на проектни апликации.

 

  • Посебен акцент беше ставен на инфраструктурата, заштитата на животната средина, развојот на туризмот и поддршката на локалната економија — области од суштинско значење за унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.

 

  • Градоначалниците ја нагласија потребата од координиран и усогласен пристап во користењето на расположливите извори на финансирање, со цел обезбедување поголем обем на инвестиции и реализација на проекти со долгорочен развоен ефект за целиот регион.

 

  • Центар за развој на Вардарски плански регион ќе продолжи да обезбедува стручна и координативна поддршка на општините и институциите, во насока на ефикасно планирање, подготовка и спроведување на регионалните развојни политики.

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy