На 11 Јуни 2026 година, во рамки на проектот „EU4M“, Центарот за развој на Вардарски плански регион и општините во регионот кои ќе продолжат да обезбедуваат обуки и техничка помош добија печатени примероци од сетот „EU4M Прирачници за општините“.
Сетот содржи 7 различни прирачници кои содржат корисни информации и практични алатки со насоки за успешно управување со проекти, финансии и јавни набавки во локалните самоуправи:
– Прирачник за управување со ЕУ проекти
– Прирачник за спроведување на кампања за подигнување на свеста за данок на имот
– Договори за јавни набавки според EU PRAG
– Прирачник за тендерско досие – набавка на стоки според EU PRAG
– Прирачник за објава на огласи за јавни набавки на ЕСЈН и TED EUROPA
– Прирачник за проектно буџетирање и финансиско управување со општински проекти
– Прирачник за ажурирање на базата на податоци на данок на имот
No comment yet, add your voice below!