В.д Директорот на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион и Градоначалникот на Општина Градско потпишаа Договор за соработка за реализација на проектот „Унапредување на животниот стандард во Вардарски плански регион, преку подобрување на патната инфраструктура во општините Неготино, Градско, Демир Капија и Чашка“.
Вкупната вредност на проектот за општина Градско изнесува 2.537,498,95 денари, средства обезбедени од Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година, додека кофинансирањето од страна на општина Градско изнесува 381.470,00 денари.
Обезбедените средства за овој проект ќе бидат наменети за реконструкција на улица „8-ми Септември“ во општина Градско.
No comment yet, add your voice below!