Потпишан договор помеѓу општина Неготино и Центарот за развој на Вардарскиот плански регион со кој се уредуваат меѓусебните обврски во делот на реализацијата на проектот „Унапредување на животниот стандард во Вардарски плански регион, преку подобрување на патната инфраструктура во општините Неготино, Градско, Демир Капија и Чашка“.
Вкупната вредност на проектот за општина Неготино изнесува 2.537,499,00 денари, средства обезбедени од Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година, додека кофинансирањето од страна на општина Неготино изнесува 1.010.496,00 денари.
Обезбедените средства за овој проект ќе бидат наменети за реконструкција на улица во населеното место Криволак.
No comment yet, add your voice below!