🚛Центарот за развој на Вардарски плански регион изврши официјално предавање на ново специјализирано мултифункционално возило за чистење и одржување на јавната хигиена, противпожарна функција и подобрување на амбиенталниот воздух, на Општина Градско.
🎯Со новата современа механизација ќе се подобрат комуналните услуги, заштита на животната средина и подигнување на квалитетот на живот на граѓаните во општината.
📍Проектот е финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година.
💵Вкупната вредност на проектот изнесува денари 3.933.333,00 од кои 3.100.000,00 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, а 833.333,00 денари од Општина Градско како партнер и краен корисник во проектот.
No comment yet, add your voice below!