Skip to content

Одржана работилница во рамки на процесот за подготовка на Националната стратегија за туризам

ДАТУМ

јули 15, 2026

Категории

,

           Денес во просториите на Општина Велес, во рамки на процесот за подготовка на Националната стратегија за туризам на Република С. Македонија 2027–2032, успешно се одржа Регионална работилница, во организација на Министерството за култура и туризам и со логистичка поддршка од Центарот за развој на Вардарскиот плански регион,
           На работилницата учество земаа и претставници од единиците на локална самоуправа од региониот, јавни институции, претставници од туристичкиот сектор, бизнис секторот, граѓанските организации и останати регионални релевантни чинители. Преку интерактивна дискусија, се идентификуваа актуелната состојба и предизвиците во туризмот, како и развојните потенцијали во и можностите за унапредување на туристичката понуда.
          Собраните конструктивни предлози, препораки и идеи ќе претставуваат значаен придонес во изработката на Националната стратегија за туризам 2027–2032, со цел создавање поквалитетен, поодржлив и поконкурентен туристички сектор.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy