Skip to content

Одржана IV-та седница на Советот за развој на Вардарскиот плански регион

ДАТУМ

август 21, 2026

Категории

Во просториите на Општина Кавадарци на ден 20.08.2026 се одржа IV- тата седница на Советот за развој на Вардарскиот плански регион

На ден 20.08.2026 година (Четврток) во просториите на Општина Кавадарци се одржа IV-тата седница на Советот за развој на Вардарскиот плански регион, на која присуствуваа градоначалниците од општините во регионот, како и претставниците од Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.
На работната седница, по претходно утврден дневен ред се разгледуваа повеќе клучни точки поврзани со ЗЈП Стационар „Шепа’, како и утврдување на листа на предлог проекти  поврзани со Јавниот конкурс за проекти за исполнување на обврски кои произлегуваат за производителите согласно со Законот за проширена одговорност на производителите за  управување со  посебните текови на отпад како и прописите за посебните текови на отпад за 2026 година.
Темите на оваа седница се од интерес за регионалниот развој, со фокус на подобрување на комуналната хигиена, одржливиот економски напредок и реализацијата на капитални проекти во општините од овој регион.
Присутните градоначалници ја истакнаа важноста на меѓуопштинската соработка и заедничкиот пристап кон аплицирањето за средства од националните и европските фондови, со цел подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани во Вардарскиот регион.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy