Денес, Центарот за развој на Вардарскиот Плански Регион заедно со Економскиот Оператор и надзорот на проектот како и преставници на Општина Велес, е извршен вовед во работа на терен каде преку проектот „Подобрување на квалитетот на животната средина преку обезбедување на пропусна способност на отовичка река во Општина Велес“ ќе се изврши чистење на коритото на Отовичка река.
Со потпишувањето на записникот за почеток на работа, и официјално започнуваат активностите на терен.
Овој значаен проект е финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој (БРР), како дел за поддршка на регионалниот развој.
No comment yet, add your voice below!