Започнува реконструкцијата на улица „8-ми Март“ во Демир Капија! 🚧🛠️
Преставници од Центарот за развој на Вардарскиот плански регион заедно со Градоначалничката на општина Демир Капија, Наталија Димитриева и изведувачот „РМК Градба АС ДООЕЛ Скопје“, направија официјален вовед во работата на проектот за Реконструкција на улица „8-ми Март“.
Овој инфраструктурен проект го спроведува Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, со цел подобрување на локалната патна мрежа и обезбедување подобри услови за живот на граѓаните.
💰 Вкупната вредност на проектот изнесува 2.512.987,00 денари. Финансиската поддршка е обезбедена преку Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој.
Со реализацијата на оваа реконструкција се работи на рамномерниот регионален развој и модернизација на инфраструктурата во општините на Вардарскиот Плански Регион.
No comment yet, add your voice below!