Центарот за развој на Вардарски плански регион учествуваше на валидациската работилница во рамките на проектот „Подобрување на отпорноста на Република С. Македонија преку интегрирање на адаптацијата во процесите на планирање“, на која присуствуваа над 60 претставници од владини и државни институции, центрите за развој на планските региони, општините, академската заедница, невладиниот сектор и други релевантни чинители.
На работилницата беа презентирани и дискутирани два значајни нацрт-документи:
– методологија и акциски план за интегрирање на адаптацијата во Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи;
– методологија за интегрирање на климатската адаптација во регионалните и општинските процеси на стратешко планирање.
Особено внимание беше посветено на практичниот пристап кон интегрирањето на адаптацијата во редовните процеси на планирање – без воспоставување нови институции и без воведување нови надлежности, преку јасно дефинирана постапка во десет чекори, минимални методолошки стандарди и алатки применливи и во големи и во мали општини.
За Центарот за развој на Вардарски плански регион, овие процеси се од особено значење, имајќи предвид дека климатските промени сè почесто се манифестираат преку суши, поплави, топлотни бранови и шумски пожари, кои директно влијаат врз инфраструктурата, водните ресурси, земјоделството, шумите и локалните заедници.
Методологијата за регионално и општинско планирање ќе претставува важна основа за подготовка на акциски планови за климатска адаптација за секој од осумте плански региони, што ќе овозможи ризиците и мерките за адаптација да бидат систематски интегрирани во регионалното и локалното планирање.
Центарот активно ќе придонесува во процесот преку споделување искуства и предлози од регионално и локално ниво, со цел идните плански документи да одговорат на реалните потреби и предизвици со кои се соочуваат општините и граѓаните во Вардарскиот плански регион.
Градењето отпорни региони и локални заедници започнува со навремено планирање и интегрирање на климатската адаптација во развојните политики.
Активностите се поддржани од Зелениот климатски фонд (ЗКФ) – Програма за подготвеност (Readiness), а се спроведуваат од УНДП, во партнерство со Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република С. Македонија – Национален назначен орган
No comment yet, add your voice below!