Центарот за развој на Вардарски плански регион, заедно со Министерство за животна средина и просторно планирање и Агенција за планирање на просторот беше домаќин на регионалната јавна расправа по Нацрт-просторниот план на Република С. Македонија 2026-2040.
На оваа Регионална јавна расправа која се организира во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање и Агенција за планирање на просторот, го преставивме Нацрт-просторниот план и предложените плански решенија поблиску до локалните заедници и останатите засегнати страни од Вардарскиот регион. Просторниот план не е само технички документ или мапа на хартија. Тој е визија, долгорочна стратегија и устав на просторот. Овој план дефинира како ќе живееме, како ќе се движиме, како ќе ја заштитиме нашата животна средина и како ќе ги развиваме нашите економски потенцијали во следните петнаесет години.
Вардарскиот плански регион има специфична и стратешка положба во срцето на Македонија. Ние сме регион на природни убавини, на богата културно-историска традиција, но и регион со огромен земјоделски, индустриски и туристички потенцијал. Токму затоа, овој Просторен план за периодот до 2040 година мора да понуди одговори на овие предизвици. Нашата примарна цел, како Центар за развој, е да обезбедиме потребите, но и тековните и идните капитални проекти на општините од Вардарскиот регион да бидат соодветно интегрирани во оваа национална рамка.
Јавната расправа даде можност на заинтересираните страни можност за запознавање со предложените плански решенија, како и за давање мислења, предлози и забелешки во процесот на подготовка на еден од најзначајните стратешки документи за просторниот развој на државата. Просторниот план 2021–2040 треба да биде рефлексија на нашите заеднички стремежи за модерна, развиена и еколошки чиста држава во која Вардарскиот регион ќе го заземе своето заслужено место како еден од главните двигатели на напредокот.
Ги покануваме сите заинтересирани граѓани, институции, организации и други засегнати страни да земат учество во јавната расправа преку давање на предлози, сугестии и свои мислења преку e-mail на Центарот за развој на Вардарски плански регион. Центарот истите ќе ги спроведе до Работната груша за подготовка на просторниот план на Република Македонија и истите ќе се земат во предвид при конечната верзија.
Повеќе детали за Нацрт Просторен План
https://www.moepp.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/nacrt-prostoren-plan-na-republika-severna-makedonija-2040-javna-rasprava-vo-vardarskiot-planski-region
Исто така, вашите мислења и предлози можете директно да ги пратите на следниве маил адреси:
Вашето учество е важно за креирање на одржлив и плански развој на просторот!
No comment yet, add your voice below!