На 07.10.2026 година во просториите на Центарот за развој на Вардарски плански регион, в.д. директорот на Центарот, г. Зоран Јаневски одржа работен состанок за воспоставување на меѓународна соработка со директорот на Научно-истражувачкиот центар „Бистра“ од Птуј, Словенија, г. Данило Чех.
На средбата се разговараа можностите за воспоставување на нови партнерства и вмрежување со партнери, не само од Р. Словенија туку и од други европски земји, подготовка на заеднички предлог-проекти за аплицирање и искористување на финансиски средства од европски фондови и програми, со цел успешна реализација на развојните приоритети на двата региона.
На состанокот присуствуваше и г. Антонио Караланов, експерт за локална самоуправа и меѓународна соработка, со долгогодишно искуство во подготовка и реализација на европски проекти, чие учество допринесе кон поврзувањето на двете институции и отворање на нови можности за развој на заеднички проектни иницијативи и воспоставување партнерства во рамки на европските програми.
No comment yet, add your voice below!