Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралнот развој ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица од Република Северна Македонија да достават барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 за Мерката 7 – Диверзификација на фармите и развој на бизниси.
Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 22 август 2021 година.
Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 9.604.431,00 евра или во денарска противвредност 592.545.370,75 денари, со можност во текот на јавниот повик износот да се зголеми.
За повеќе информации на следните линкови :
No comment yet, add your voice below!