Продолжуваат градежните активности во изградбата на инклузивното игралиште за лица со посебни потреби на велешкото езеро Младост, во рамки на проектот Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој.
Поголем дел од реквизитите за лицата со попреченост се веќе обезбедени и тоа велосипеди (трицикли) како и реквизити за спортски активности во вода.
Со изградата на овие објекти, се очекува да се постигне очекуваната цел на проектот, а тоа е овозможување на децата со попреченост да можат организирано да се рекреираат и низ спортување и игри да им се помогне кон подобар и поздрав развој.
No comment yet, add your voice below!