Skip to content

Одржана IX – та седница на Совет за развој на Вардарски плански регион

ДАТУМ

декември 21, 2022

🏛 На 20.12.2022 во општина Свети Николе се одржа IX-тата Седница на Советот за развој на Вардарски плански регион.

 
  • На седницата присуствуваа градоначалниците од Вардарскиот плански регион и се дискутираше по точките на дневниот ред.
 
  • Усвоени беа неколку одлуки меѓу кои се :
  • Годишна листа на предлог – проекти за развој на Вардарски плански регион за 2023 година со индикативни средства за 2024 година поддржана од страна на Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој.
  • Одлука за усвојување на Акционен план за спроведување на Програмата за развој на Вардарски плански регион за 2023 година.
  • Одлука за усвојување на Финансиски план за 2023 година.

 

  • Директорот на Центарот за развој на Вардарски плански регион Г.Сашо Мошев ги информираше градоначалниците за Договорот за реализација на инвестициски проект со дигитална компонента од Грантовата шема „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”-II фаза“ и за изнаоѓање на соодветен начин за финансирање модел на одржливост со финансиска партиципација од страна на сите 9 општини од Вардарски плански регион во вид на годишна членарина што ќе се утврди со посебни Одлуки на Советите на секоја од општините и заедничка Одлука на Советот на планскиот регион, пред склучување на Договорот со првиот економски оператор.
 
  • Директорот на Центарот за развој на Вардарски плански регион ја искористи можноста лично да ги покани градоначалниците на примопредавањето на 4-те нови против пожарни возила, настан кој што ќе се одржи на 23.12.2022 пред општината во Кавадарци на кој што покрај градоначалниците на општините коишто ќе добијат возила ќе присуствува и Министерот за локална самоуправа Г.Ристо Пенов и Директорот на Бирото за регионален развој Г.Рамиз Реџепи.
  • Градоначалниците се заблагодарија на директорот и вработените во центарот за успешно спроведените проекти во 2022 година и изразија надеж за уште подобра соработка во текот на следната 2023 година.

Документи

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy