На 24.02.2023 со почеток во 13:00 часот, on-line се одржа X-тата Седница на Советот за развој на Вардарски плански регион.
- На on-line седницата се вклучија градоначалниците од Вардарскиот плански регион и се дискутираше по точките на дневниот ред.
- Се донесе одлука за утврдување на приоритетна листа во рамки на предлог-проект „Подобрување на пристапот до обработливи површини во подрчја на интензивна земјоделска дејност во Вардарски плански регион“ за аплицирање на повик објавен од страна на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
- Предлог-проектите за развој на Вардарски плански регион за 2023 година се рангираат според следниот распоред:
П1: Уредување на пристапен пат до земјоделско земјиште во с. Караслари – општина Велес;
П2: Реконструкција на два пристапни патишта до земјоделско обработливо земјиште во општина Демир Капија;
П3: Реконструкција на пристапен пат до земјоделско обработливо земјиште во општина Чашка, месност с. Војница – место викано Дрење во должина од 600m;
П4: Реконструкција на пристапен пат до земјоделско обработливо земјиште во место викано Рудина – општина Свети Николе;
П5: Реконструкција на пристапен пат до земјоделско обработливо земјиште во општина Кавадарци, место викано Танко патче во должина од 2200m;
П6: Тампонирање на пристапен земјоделски пат до земјоделско обработливо земјиште во општина Лозово, Дел 3213, во должина од 300m во Каратманово;
П7: Санација на пристапен пат до земјоделско земјиште во месноста Солена вода, општина Неготино;
П8: Реконструкција и санација на пристапен пат до земјоделско обработливо земјиште во општина Градско, од село Виничани до земјоделски површини место викано Свети Илија, во должина од 500 m и 400 m;
-
Под точка разно се разменија информации за следните повици за проекти и со тоа се заврши online седницата.
No comment yet, add your voice below!