Во текот на минатата недела од страна на економскиот оператор “ДПТУ BRAKO ДОО” беа испорачани две “Mултифункционални машини за чистење (метларки) за општините Неготино и Општина Демир Капија”.
“Метларките – Green Machines 636 Stage V” – се набавени во рамките на проектот „Развој и унапредување на условите за одржување на чиста и здрава животна околина преку набавка на специјализирано возило за одржување на хигиената на јавните површини во општина Неготино и Демир Капија“.
Финансиската конструкција на овој проект изнесува 7.882.297,00 денари.
Имплементатор на проектот е Центар за развој на Вардарски плански регион.
Проектот е финансиран од Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој.
No comment yet, add your voice below!