Skip to content

Одржана XVII – та седница на Совет за развој на Вардарски плански регион

ДАТУМ

февруари 1, 2024

Центарот за развој на Вардарски плански регион на ден 31.01.2024 година со почеток во 11:00часот, ја одржа XVII-тата Седница на Советот за развој на Вардарски плански регион – online.

 

  • На on-line седницата се вклучија градоначалниците од Вардарскиот плански регион и се дискутираше по точките на дневниот ред.
  • Се донесе одлука за приоритетна листа во рамки на предлог-проект “Подобрување на пристапот до обработливи површини во подрaчја на интензивна земјоделска дејност во Вардарски плански регион” за аплицирање на повик објавен од страна на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
  • Предлог-проектите за развој на Вардарски плански регион за 2024 година се рангираат според следниот распоред:
 
  • П1: Подобрување на патната инфраструктура во подрачје со земјоделска дејност и обработливи површини во Вардарски плански регион на територијата на општина Демир Капија, “Попкини ниви” КО Чифлик во должина од 1800метри;
  • П2: Пристапен пат до земјоделски површини пред с.Уланци, општина Градско, во должина од 1000 метри;
  • П3: Приспособување на патната инфраструктура до земјоделско обработливо земјиште во место викано Танко патче во должина од 400 метри – општина Кавадарци;
  • П4: Уредување на пристапен пат до земјоделско земјиште во село Дорфулија, општина Лозово во должина од 900 метри;
  • П5: Реконструкција на пристапен пат до земјоделско обработливо земјиште во место викано Лозов Расадник во должина од 450 метри – во општина Свети Николе:
  • П6: Реконструкција на пристапен пат до земјоделско обработливо земјиште во општина Чашка во место викано Савински рид, КО Чашка вон град, према Крива Круша во должина од 450 метри;
  • П7: Уредување на пристапен пат до земјоделско земјиште во село Иванковци, општина Велес во должина од 750 метри.

  • Под точка разно се разменија информации за следните повици за проекти и со тоа се заврши online седницата.

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy