Центарот за развој на Вардарски плански регион на ден 28.02.2025 година со почеток во 09:30часот, ја одржа XXII-тата Седница на Советот за развој на Вардарски плански регион – online.
- На on-line седницата се вклучија градоначалниците од Вардарскиот плански регион и се дискутираше по точките на дневниот ред.
Претседателот на советот на Вардарскиот плански регион му даде збор на Директорот на центарот кој што ги образложи точките од дневниот ред и по чие што излагање беа донесени следниве одлуки :
- Одлука за измена и дополнување на Годишна листа на предлог – проекти за развој на Вардарски плански регион за 2024 година со индикативни средства за 2025 година финансирани од страна на Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој
- Предлог-проектите за развој на Вардарски плански регион за 2025 година се рангираат според следниот распоред:
- “Подобрување на животната средина преку набавка на специјализирани возила во општините од Вардарскиот плански регион” (Кавадарци, Свети Николе и Градско)
- Kако резервен проект на листата се додава проектот “Подобрување на условите за одвивање на настава во основните училишта во Вардарски плански регион преку набавка на мебел и инвентар“, кој би се реализирал согласно расположливите средства.
- Одлука за финансирање на Предлог- проекти за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година, по одделни мерки и активности за рамномерен регионален развој
- Предлог-проектите за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година за Вардарски плански регион се рангираат според следниот распоред:
- “Подобрување на условите за квалитетен живот и безбедност на граѓаните, преку реконструкција на тротоарите во општина Неготино”;
- “Реконструкција и партерно уредување на КП 2055 и КП 2411, во населено место Лозово, општина Лозово”.
- Одлука за усвојување на Завршна сметка за 2024 година на Центарот за развој на Вардарски плански регион
- Одлука за давање Согласност за именување на Вршител на должност Директор на ЗЈП Стационар „ШЕПА“, Кавадарци и се избра В.Д Директор да биде Снежана Гинева од Кавадарци.
No comment yet, add your voice below!