
Центарот за развој на Вардарски плански регион на вториот интеррегионален состанок на проектот Eum Power во Клуж-Напока
Од 27 до 29 јануари 2026 година, Центарот за развој на Вардарски плански регион со двајца претставници учествуваше на вториот интеррегионален состанок на европскиот проект EUM POWER (EU Migrants Promoting Openness with Equal Rights), кофинансиран преку програмата Interreg Europe, кој се одржа во Клуж-Напока, Романија.
Настанот, координиран од Primăria Cluj-Napoca Градот Клуж-Напока, ги обедини проектните партнери, претставници на јавните институции, академската заедница и работодавачите од повеќе европски земји
со цел размена на искуства и добри практики за правична интеграција на граѓаните на ЕУ на пазарот на трудот, како и за поддршка на повратната миграција.
• Dan Tarcea, заменик-градоначалник на Клуж-Напока
• Emilia-Alina Botezan, раководител на Одделот за меѓународни односи и странски инвестиции
• Wouter Reijers, почесен конзул на Кралството Холандија во Клуж-Напока
• Sam van Damme, заменик-раководител на Политичкиот оддел при Амбасадата на Холандија во Букурешт
• Lia Valendorfean, менаџер на Europe Direct, Клуж-Напока
• Francesco Zachetti, национален-менаџер на Adecco Романија
Според заменик-градоначалникот Dan Tarcea, учеството во европски проекти значи конкретни решенија и подготовка за иднината на пазарот на трудот.
Програмата продолжи со посета на Универзитетот Universitatea Babeş-Bolyai, Факултет за европски студии, каде што се одржаа експертски дискусии за улогата на истражувањата, образованието и политиките засновани на докази во поддршката на интеграцијата на мигрантите. Попладневните сесии беа посветени на проектна работа.
Романија – Primăria Cluj-Napoca
Белгија – Stad Ninove,
Шпанија – Ajuntament de Guissona,
Финска – Järvi-Pohjanmaan Yrityspalvelu Oy,
Унгарија – Pannon Business Network.
No comment yet, add your voice below!