Центарот за развој на Вардарскиот плански регион беше домаќин на директорот на Биро за регионален развој – Byroja për zhvillim rajonal и дел од неговиот тим задолжен за соработка со Центарот.
Средбата беше насочена кон разгледување на тековните активности на Центарот, стратешките цели за наредниот период и можностите за зајакнување на институционалните капацитети.
Во текот на разговорите беа разменети мислења за оперативните предизвици, меѓуинституционалната координација и значењето на поорганизиран и засилен пристап при реализација на развојни проекти кои директно влијаат на социо-економскиот развој на Вардарскиот плански регион.
No comment yet, add your voice below!