Врз основа на член 21 ставови 7–15 од Законот за рамномерен регионален развој („Службен весник на РСМ“ бр. 24/21, 174/21 и 241/2024) и член 8 од Деловникот за работа на Советот за развој на Вардарски плански регион, Советот за развој на Вардарски плански регион распишува:
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на член во Советот за развој на Вардарски плански регион – претставник од здруженијата, со мандат од 4 (четири) години.
Основни критериуми за избор на член – претставник од здруженијата се:
- правни лица, регистрирани најмалку 2 години, со седиште и делување на подрачјето на општина во состав на Вардарски плански регион;
- согласно Статутот да делуваат во областа на локален и регионален развој;
- да имаат имплементирано најмалку 2 проекти од областа на локален и регионален развој.
Избраниот член – претставник има мандат од 4 (четири) години и нема право на глас.
Рок за пријавување: до 05.06.2026 година.
Потребна документација за заинтересираните правни лица/апликанти:
- пријава со податоци за правното лице и овластеното лице, потпишана и заверена (оригинал);
- тековна состојба од Централен регистар, не постара од 6 месеци (оригинал);
- статут на организацијата (фотокопија);
- потврди/препораки за реализирани најмалку 2 проекти од областа на локален и регионален развој (фотокопија).
Пријавите со потребната документација се доставуваат до Архивата на Центарот за развој на Вардарски плански регион, ул. „Шефки Сали“ бр.4, 1400 Велес, со назнака:
„Пријава по Јавен повик за избор на член во Советот за развој на Вардарски плански регион – претставник од здруженијата“.
Пријави доставени по електронска пошта или факс, како и нецелосни и ненавремени пријави, нема да се разгледуваат.
Комисија формирана за спроведување на јавниот повик ги разгледува пријавите и составува листа на апликанти кои ги исполнуваат критериумите. Пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите, со мнозинство гласови избираат претставник на состанок организиран од претседателот на комисијата, во рок од 15 дена од завршување на јавниот повик.
Поканата за состанокот се доставува до пријавените здруженија од претседателот на комисијата и истата се објавува на веб-страницата на ЦРВПР (www.vardarregion.gov.mk) најмалку 3 дена пред одржувањето.
Контакт лице: Татјана Темелковска, тел. 043/615-353.
Совет за развој на Вардарски плански регион
Претседател
Киро Нацков
No comment yet, add your voice below!