Министерот за култура и туризам во работна посета на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион
🏛️ Продуктивна работна средба за развој на туристичкиот потенцијал на Вардарскиот регион!
Министерот за култура и туризам, г-н Зоран Љутков 🤝 беше во работна посета на на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион (ЦРВПР)
На средбата со директорот на Центарот, г-н Зоран Јаневски детално се разговараше за тековните активности и проекти на ЦРВПР во поглед на туристичките можности на регионот.
Во текот на разговорот се отворија клучните теми за:
• 📍 Развој на алтернативни и транзитни форми на туризам во Вардарскиот регион.
• 🏛️ Подобро искористување и промоција на богатото културно-историско наследство.
• 📈 Зајакнување на соработката за креирање заеднички регионални туристички производи.
• Обезбедување поддршка преку национални програми на Министерството и меѓународни фондови.
Заеднички заклучок е дека со синхронизиран пристап помеѓу локалната самоуправа, Министерството за култура и туризам и Центарот за развој на Вардарскиот плански регион (ЦРВПР), Вардарскиот регион ќе ја зајакне својата позиција на туристичката мапа.
Продолжуваме посветено да работиме на проекти кои носат одржлив развој за сите општини во нашиот регион!
No comment yet, add your voice below!