Skip to content

42-ра седница на Совет за регионален рамномерен развој

ДАТУМ

април 30, 2026

Во просториите на Владата на Република Северна Македонија се одржа 42-та седница на Советот за рамномерен регионален развој, со која раководеше Министерот за локална самоуправа, г-дин Златко Перински.

  • На седницата беше презентирана Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година, која предвидува распределба на средства преку четири мерки насочени кон поддршка на планските региони, руралните средини, урбаните подрачја и подрачјата со специфични развојни потреби.
  • Во рамки на програмата, беа предложени вкупно 56 проекти за финансирање, во вкупна вредност од 148.407.142 денари.
  • Општините од Вардарскиот Плански Регион преку овие мерки обезбедија поддршка за вкупно 7 проекти, во вкупна вредност од 19.447.344,00 денари.
  • Од нив, преку Центарот за развој на Вардарскиот плански регион се аплицирани и одобрени 2 проекти, со вкупна вредност од 12.557.496,00 денари.
  • Центарот за развој на Вардарскиот плански регион продолжува активно да работи на подготовка и реализација на проекти кои придонесуваат кон одржлив локален и регионален развој, подобрување на инфраструктурата и унапредување на квалитетот на живот во регионот.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy