Во рамките на проектот „Унапредување на животниот стандард во Вардарски плански регион преку подобрување на патната инфраструктура во општина Чашка“ ја предадовме потребната механизација на Општина Чашка.
Од овој проект на Општина Чашка обезбеди трактор, мулчер и тракторска приколка за потребите на ЈКП „Тополка“. Со ова значително ќе се подобрат условите за чистење на Општината, посебно во руралните средини во зимски услови .
Вкупната вредност на овој проект изнесува 1.229.999,98 денари. Средствата потребни за набавката на механизацијата се обезбедени врз основа на Одлука на Владата на Република Македонија за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на планските региони во 2026 година, а по потпишан Договор за реализација на проекти во Вардарски плански регион помеѓу Центарот за развој на Вардарски плански регион и Министерство за локална самоуправа-Биро за регионален развој.
No comment yet, add your voice below!