Skip to content

Одржана средба со граѓанските организации во рамки на подготовката на Стратегијата за развој на Вардарскиот плански регион 2027–2031

ДАТУМ

октомври 19, 2026

Категории

,

Во рамки на процесот на изработка на Стратегијата за развој на Вардарскиот плански регион за периодот 2027–2031 година, експертот за локална самоуправа Антонио Караланов, директорот на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион Зоран Јаневски и вработените во Центарот одржаа средба со претставници на граѓанските организации кои дејствуваат на територијата на деветте општини во регионот.

Средбата беше посветена на размена на мислења, идентификување на потребите на граѓанскиот сектор и прибирање предлози кои ќе придонесат за креирање на развојни приоритети и мерки во новата регионална стратегија.

Претставниците на граѓанските организации изнесоа бројни предлози и идеи во повеќе области од значење за локалниот и регионалниот развој, меѓу кои социјалната заштита, цивилната безбедност, младинското учество, како и унапредувањето на соработката помеѓу граѓанскиот сектор, општините и институциите.

Посебен акцент беше ставен на потребата од поголемо вклучување на граѓанските организации во процесите на планирање и донесување одлуки, препознавање на потребите на различните категории граѓани и создавање услови за поефикасно решавање на предизвиците со кои се соочуваат локалните заедници.

Предлозите и препораките изнесени на средбата ќе претставуваат значаен придонес во процесот на подготовка на новата Стратегија, со цел таа да ги одразува реалните потреби на населението и развојните потенцијали на сите девет општини во Вардарскиот плански регион.

Вклучувањето на граѓанскиот сектор е важен предуслов за создавање инклузивна, одржлива и долгорочна регионална развојна политика, заснована на партнерство, меѓусекторска соработка и активно учество на сите релевантни чинители.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy