Директорот на Центар за развој на Вардарски плански регион оствари работни средби со градоначалниците од регионот.
Во изминатиот период, вршителот на должност директор на Центар за развој на Вардарски плански регион, Зоран Јаневски, ги посети градоначалниците од општините во регионот.
Средбите беа насочени кон:
- Разгледување на тековните активности и стратешките приоритети на Центарот;
- Идентификување можности за инфраструктурни, образовни и комунални проекти од заеднички интерес;
- Поттикнување на меѓуопштинска соработка и развој на партнерства;
- Промоција на одржлив развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Овие средби ја нагласуваат посветеноста на Центар за развој на Вардарски плански регион кон координиран и одржлив регионален развој, како и кон континуирана соработка со општините за унапредување на проекти со значење за локалните заедници.
@општина Неготино
@општина Лозово
No comment yet, add your voice below!