✍ В.д Директорот на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион и Градоначалникот на Општина Велес, потпишаа Договор за соработка за реализација на проектот „Подобрување на квалитетот на животната средина преку обезбедување на пропусна способност на Отовичка Река во Општина Велес“.
🎯Со реализацијата на проектот ќе се придонесе за почиста и побезбедна животна средина, намалување на ризиците од поплави, како и заштита на Езерото Младост и негово зачувување како атрактивна рекреативна и туристичка дестинација, со што ќе се поддржи развојот на туризмот, локалната економија и ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните.
📍Проектот е финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година.
💵Вкупната вредност на проектот изнесува 5.074.998 денари, од кои 2.537.499 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, а 2.537.499,00 денари од Општина Велес како партнер и краен корисник во проектот.
No comment yet, add your voice below!