На 20 ноември 2026 година, во хотел „Гардениа“ во Велес, се одржа првата форумска сесија во рамките на програмата „Регионални форуми во заедницата“ во Вардарскиот плански регион.
На форумската сесија учествуваа претставници на институции, општини и други релевантни чинители од регионот, со заедничка цел – идентификување на клучните развојни потреби и утврдување на приоритетите за понатамошен регионален развој.
Во рамките на сесијата беа презентирани и избрани приоритетните стратешки области и комплементарни подобласти за развој на регионот, а преку работа во групи и отворена дискусија учесниците ги идентификуваа и дефинираа приоритетните регионални проблеми и предизвици.
Посебен акцент беше ставен на вклучувањето на различните засегнати страни во процесот на планирање и креирање предлог-проекти кои ќе одговорат на реалните потреби на општините во Вардарски регион.
Регионалниот развој е заедничка одговорност! Преку активно учество, партнерство и соработка, создаваме основа за подобри развојни решенија и поквалитетен живот за граѓаните во Вардарскиот плански регион.
No comment yet, add your voice below!