Skip to content

Остварена работна средба со претставник од Австриското сојузно министерство за социјала, труд, здравје, нега и право на потрошувачи

ДАТУМ

ноември 6, 2026

Категории

,

Денес, г. Матијас Пош, од Австриското сојузно министерство за социјала, труд, здравје, нега и право на потрошувачи оствари работна посета со в.д. Директорот на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион г.Зоран Јаневски во просториите на Центарот.
Посетата имаше за цел запознавање со надлежностите, активностите и тековните иницијативи на Центарот, како и за размена на мислења во однос на можностите за унапредување на меѓуинституционалната соработка и развојот на партнерства во областа на социјалната инклузија и регионалниот развој.
Во фокусот на разговорите беа предизвиците со кои се соочува регионот, особено во поглед на социјалната вклученост на ранливите категории граѓани, подобрувањето на пристапот до социјални услуги, поддршката на лицата во социјален ризик, како и потребата од развој на одржливи и таргетирани мерки за подобрување на квалитетот на животот.
Центарот за развој на Вардарскиот плански регион ја нагласи својата подготвеност за воспоставување и продлабочување на соработката со австриските институции и организации, со цел идентификување заеднички интереси и можности за реализација на иницијативи и проекти што ќе придонесат кон поинклузивен, одржлив и рамномерен регионален развој.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy