На 28.10.2026 година, во просториите на Министерство за локална самоуправа, в.д. Директорот на Центарот за развој на Вардарски плански регион г. Зоран Јаневски, присуствуваше на работна средба со Министерот за локална самоуправа г. Иван Стоилковиќ.
Целта на работната средба беше потпишување на Анекс на Договорот за соработка за 2026 година помеѓу Центарот за развој на Вардарски плански регион и Министерство за локална самоуправа, во рамки на кој се обезбедуваат дополнителни финансиски средства во износ од 1.875.000, 00 денари, наменети за реализација на активности и задачи утврдени во член 30 од Законот за рамномерен регионален развој, во согласност со развојните приоритети на планските региони.
Со дополнителните средства, вкупната финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа за активностите на Центарот за развој на Вардарски плански регион во 2026 година изнесува 3.075.000,00 денари.
No comment yet, add your voice below!